Називот Campylobacter се однесува на група на бактерии кои вообичаено се наоѓаат во цревата на животните, вклучувајќи ја и живината, дивите птици, свињите, говедата, глодарите и домашните миленичиња. Campylobacter jejuni и Campylobacter coli се двата видови од кои најчесто страдаат луѓето, и предизвикуваат болест наречена campylobacteriosis (кампилобактериоза).
Човекот се инфицира со јадење и пиење на загаедна храна, вода, непастеризирано или сурово млеко или при близок контакт со заразени животни.
Кампилобактериозата го напаѓа дигестивниот систем, предизвикувајќи дијареа, стомачнаболка, слабост, треска, гадење и повраќање.
Причини
Кои се причините за кампилобактериоза и како таа се пренесува?
Конзумирањето на недопечено месо или загадена храна, пиење непастеризирано (сурово) млеко или загадена вода може да предизвика кампилобактериоза.
Близок контакт со заразени бебиња преку менување на пелените, заразени млади кучиња, мачиња или фармски животни исто така, може да предизвика болест.
Храната и водата може да се загадат со овие бактерии од самата животна средина, на пример од почвата или од канализацијата.
Храната исто така може да ја загадат и ракувачите со храна (во фабриките или супермаркетите) кои не ги мијат правилно своите раце по ракувањето со сурово месо или по користење на тоалетот. Бактериите исто така може да се пренесат од примарниот извор, на пример од пилешкото месо, да ја контаминираат другата храна или работните површини, вклучувајќи ги даските за сечење, ножевите и садовите.
Симптоми
Кои се симптомите на болеста предизвикана од Campylobacter?
Како и други труења со храна, симптомите на кампилобактериозата воглавно се однесуваат на дигестивниот систем. Овие симптоми вклучуваат:
- дијареа (со примеси на крв или слуз)
- стомачна болка
- гадење
- повраќање
- малаксаност
- треска
Колку долго траат симптомите?
Симптоми на оваа болест се јавуваат 2-5 дена по контактот со бактериите, но постојат и случаи кога симптомите се јавиле веднаш, но и случаи кога бил потребен еден месец за развој на клиничката слика. Симптомите обично траат до 10 дена.
Колку долго се луѓето заразни (инфективни)?
Лицата кои се заразени со кампилобактериите може да ги во околинатаза цел тек на нивната болест и може да бидат носители од неколку дена до неколку недели.
Некои луѓе заразени со Campylobacter немаат никакви симптоми. Сепак, тие се уште може да го рашират причинителот на другите луѓе.
Ризици за појава на болеста
Дали постојат одредени видови на храна кај кои постои зголемен ризик од инфекција со Campylobacter spp?
Да, кај некои видови на храна постои поголем ризик за добивање кампилобактериоза:
- сурово или недопечено пилешко, говедско, свинско и јагнешко месо
- сирови јајца
- непастеризирано (сурово) млеко, непастеризирани млечни производи
- свеж зеленчук
- школки
Дали некои луѓе може полесно да се разболат од кампилобактериоза од други луѓе?
Секој може да се разболи од кампилобактериоза. Сепак, во индустријализираните земји е потврдено дека децата помлади од пет години и младите луѓе почесто заболуваат од Campylobacter.
Дали кампилобактериозата е опасна? Дали е поопасна за некои луѓе?
Иако повеќето луѓе целосно се опоравуваат од кампилобактериозата во рок од 10 дена, компликации може да настанат во ретки случаи. Постари лица, млади деца, бремени жени и лица со ослабен имунолошки систем се изложени на поголем ризик од компликации на болеста.
Компликациите од Campylobacter spp вклучуваат:
- реактивен артритис
- менингитис (инфекција на мозокот и ‘рбетниот мозок)
- Guillain-Barre синдром (авто-имунолошко заболување кое влијае на нервниот систем)
- хроничен колитис (воспаление на дебелото црево)
- ненадејно воспаление на жолчното кесе
- Синдром на нервозно дебело црево (IBS)
Превенција
Како може да се спречат инфекциите со Campylobacter?
Миењето на рацете е еден од најдобрите начини за да се спречи ширењето на оваа болест.
Исто така е важно да се осигура темелно готвење храна, за да се уништат бактериите. Загадената храна може да изгледа и мириса нормално.
Следниве совети ќе помогнат за намалување на ризикот од инфекција со Campylobacter бактерии или други болести предизивикани од храна:
Темелно готвење на соодветна температура на храната, особено пилешкото месо. Доборо би било да се користи дигитален термометар за готвење на храна.
Купување на јајца, школки и морска храна од проверени извори.
Козумирање на третирана или зовриена вода и пастеризирано млеко и млечни производи.
Бактериите живеат и се развиваат во опасната температурна зона помеѓу 4°C и 60°C. Одржувајте ја храната на ниска температура на или под 4°C, додека топлата храна се одржува на или повеќе од 60°C.
Чувајте го суровото месо, пилешкото и морската храна во садови на најдолната полица на ладилникот. Употребувајте садови кои се доволно големи за да спречат истекување на соковите (течностите) и нивно капење врз друга храна или контакт со друга храна.
Чувајте ја суровата (неприпремена) храна одвоена од другата храна, за време на купувањето, складирањето, подготовкато и послужувањето.
Измијте го свежото овошје и зеленчук пред да ги консумирате, одржувајте ги чисти работните површини и даските за сечење и редовно мијте ги вашите раце.
Читајте ги декларациите на храната и следете ги дадените упатства за готвење и за чување. Проверувајте го рокот на трајност на производите и ако најдете нешто на полиците во супермаркетите со поминат рок на траење пријавете го тоа на вработените.
Користете топла вода и средство за чистење на ножевите, даските за сечење, приборот за јадење, рацете и сите останати површини кои доаѓаат во контакт со храната, особено месото и рибата.
Ставете ја во фрижидер или замрзнете ја расипливата храна во рок од два часа по готвењето.
Замрзенете ја или изедете ја останатата храна во рок од четири дена по приготвувањето. Секогаш подгревајте ја до вриење храната пред јадење.
Фрижидерите одржувајте ги чисти и на температура под 4ºC. Поставете термометар во фрижидерот за да бидете сигурни.
Ако мислите дека сте инфицирани со кампилобактериоза или која било друга болест предизвикана од храна, не приготвувајте храна за други лица, освен ако не носите ракавици за една употреба и ги следите постапките за безбедно ракување со храна.