• Home  
  • Escherichia coli општи информации
- Безбедност на храна

Escherichia coli општи информации

Escherichia coli, која вообичаено се наведува и како E. coli, е всушност една голема група на бактерии која вообичаено се наоѓа во дигестивниот тракт на луѓето и животните.Повеќето соеви на E. coli се безопасни, но спека некои од нив како што E. coli O157:H7, може да предизвикаат болест, со силни стомачни болки и грчеви, дијареја […]

Escherichia coli, која вообичаено се наведува и како E. coli, е всушност една голема група на бактерии која вообичаено се наоѓа во дигестивниот тракт на луѓето и животните.Повеќето соеви на E. coli се безопасни, но спека некои од нив како што E. coli O157:H7, може да предизвикаат болест, со силни стомачни болки и грчеви, дијареја и повраќање. При посериозни компликации при инфекција со овој сој може да дојде до откажување на бубрезите.
Причинител
Што ја предизвикува инфекцијата со Е.coli? Како се шири инфекцијата?
Инфекциите со E. coli се најчесто предизвикани со конзумација на контаминирана храна и вода, или директен контакт со некој кој е веќе болен или пак со животѕни кои се носители на оваа бактерија.
Инфгекцијата може да дојде и при недволно термички обработено говедско месо, јадење на сирово овошје и зеленчук, пиење на загадена вода, конзумирање на непастеризирано млеко и млечни производи, непастиризиран сок од јаболки и контакт со животни на фарми ли во зоолошка градина.
Храната се контаминира со оваа бактерија преку животните кои се колат и преработуваат. Бактеријата може да се размножува во преработено или сирово месо. Храната исто така може да се контаминира од страна на лице кое ракува со неа ако тоа лице е инфицирано со оваа бактерија.
Свежото овошје и зеленчук може да се загадат со E. coli уште на нива ако се користи лошо обработено ѓубриво, загадена вода или со лоша хигиена на вработените.
Симптоми
Кои се симптомите на болеста предизвикана со E. coli?
Симптомите на инфекцијата со E. coli најчесто се јавуваат 3-4 дена по внесот на бактериите, но периодот на инкубација може да биде краток и само еден ден.
Како и кај другите труења симптомите се јавуваа на гастроинтестиналниот тракт и варираат од пациент до пациент. Најчести симптоми се:

  • јаки стомачни грчеви
  • дијареја
  • повраќање
  • треска (околу 38.5˚C)

Околу 5-10 % од пациентите инфицирани со Е. coli O157:H7 развиваат хемолитичко уремичен синдром (HUS) кој може да биде фатален.Симптомите на овој синдром се: грчеви, може да биде потребна трансфузија на крв или дијализа. Кај некои пациенти остануваат догорочните последици на оштетување на бубрезите.
Колку долго траат симптомите?
Повеќето пациенти се опоравуваат во рок од 5-10 дена
Колку долго се луѓето инфективни?
Лицата кои се инфицирани со оваа бактерија најчесто остануваат инфективни околу една недела, но постојат случаи каде овој период траел и три недели.
Ризици
Дали постојат видови на храна кои носат зголемен ризик за појава на болеста?
Следните типови на храна носта зголемен ризик од појава на E. coli:
Сирово и недоволно термички обработено говедско месо
Непастеризиран сок од јаболка
Непастеризирано млеко и млечни производи
Нетретирана вода за пиење
Загадено овошје и зеленчук
Дали кај некои луѓе постои зголемен ризик од оваа болест?
Инфекцијата може да се јави кај луѓе од сите возрасти, но симптомите се посилни и поизразени кај младите лица и кај постарите граѓани.Тука спаѓаат и бремените жени и лицата со намален имунитет.
На заболените лица им се препорачува внесување на повеќе течности кои не содржат кофеин или алкохол за да се спречи дехидрацијата.
Како да се превенира оваа болест?
Правилна хигиена и безбедно ракување со храната се главните препораки за превенција на оваа инфекција.
Правилно и потполно готвење на храната (термичка обработка) како би се уништиле сите присутни бактерии во неа.
Следните совети ќе ви помогнат да го намалите ризикот од инфекција со оваа бактерија.
Бактериите живеат и се развиваат во опасната температурна зона помеѓу 4°C и 60°C. Одржувајте ја храната на ниска температура на или под 4°C, додека топлата храна се одржува на или повеќе од 60°C.
Чувајте го суровото месо, пилешкото и морската храна во садови на најдолната полица на ладилникот. Употребувајте садови кои се доволно големи за да спречат истекување на соковите (течностите) и нивно капење врз друга храна или контакт со друга храна.
Чувајте ја суровата (неприпремена) храна одвоена од другата храна, за време на купувањето, складирањето, подготовкато и послужувањето.
Измијте го свежото овошје и зеленчук пред да ги консумирате, одржувајте ги чисти работните површини и даските за сечење и редовно мијте ги вашите раце.
Читајте ги декларациите на храната и следете ги дадените упатства за готвење и за чување. Проверувајте го рокот на трајност на производите и ако најдете нешто на полиците во супермаркетите со поминат рок на траење пријавете го тоа на вработените.
Користете топла вода и средство за чистење на ножевите, даските за сечење, приборот за јадење, рацете и сите останати површини кои доаѓаат во контакт со храната, особено месото и рибата.
Ставете ја во фрижидер или замрзнете ја расипливата храна во рок од два часа по готвењето.
Замрзенете ја или изедете ја останатата храна во рок од четири дена по приготвувањето. Секогаш подгревајте ја до вриење храната пред јадење.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.