• Home  
  • Безбедна храна за трудници и новороденчиња
- Едукација и совети

Безбедна храна за трудници и новороденчиња

——————————————————

За време на бременоста, кај жените и нивните неродени деца постои поголема веројатност од појава на труење со храна. Новороденчињата и доенчињата, исто така, се изложени на ризик, бидејќи нивниот имунолошки систем не е целосно развиен. Алиментарните инфекции може да бидат тешки за третирање и може да се повторат кај овие групи. Со користење на следните правила може да се намали ризикот од труења со храна кај мајката и нејзиното неродено дете.
Мијте ги рацете често
Се чини толку едноставно, но тоа навистина функционира. Правилното миење на рацете може да ги елиминира речиси половина од сите потенцијални случаи на алиментарни инфекции. Ова, исто така значително го намалува ширењето на настинката и грипот. Запомнете: мијте ги рацете пред, за време и по подготовката на оброкот. Користете топла вода со сапун најмалку 20 секунди. И користете чиста, сува крпа за сушење на вашите раце.
Користете го правилно фрижидерот
Прво, осигурајте се дека вашиот фрижидер работи. Поставете го фрижидерот на температура од 4-8 степени целзиусови. Користете термометар и проверувајте го фрижидерот редовно.
Потоа, употребувајте го вашиот фрижидер правилно. Ставете ја лесно расипливата храна во фрижидер веднаш штом ќе пристигнете дома од продавница. Остатоците од ручекот или вечерата ставете ги во фрижидерот најкасно за два часа. Кога надворешната температура ќе достигне 32 степени целзиусови или повеќе, ова време треба да изнесува еден час. Чувајте ја храната во мали, плитки садови (длабоки 6 сантиметри или помалку). Исфрлете ги сите отворени конзерви и намази по три до пет дена. Конзумирајте храна со добар рок на траење. Ако рокот на траење е изминат, фрлете го производот.
Одмрзнувајте ја замрзнатата храна во фрижидерот, под ладна вода или во микробранова печка веднаш пред готвењето. Не ја оставајте замрзнатата храна на шанкот или во мијалникот да се одмрзне.
Чувајте го сировото месо одделено од готовата храна
Спречете ја вкрстената контаминација со чување на сировата храна одвоена од готовата храна. Користете две даски за сечење: една строго за сурово месо, пилешко и морска храна; другата за храна готова за јадење, како лебот и зеленчукот. Мијте ги даските за сечење темелно со топла, вода со сапуница по секоја употреба или во машина за миење садови. Исфрлете ги старите даски за сечење кои имаат пукнатини или лузни од нож.
Готвење на правилна температура
Соодветната температура на готвење ги убива штетните бактерии присутни во храната. Секогаш користете термометар за месо за да ја проверите приготвеноста на месото, живината, морската храна и јадењата кои содржат јајца. Користете ги следниве насоки за внатрешна температура:
Говедско, телешко, свинско, јагнешко: 62 степени целзиусови (потоа, дозволете месото да се одмори три минути пред сечење и конзумирање)
Пилешко: 74 степени целзиусови
Мелено говедско, телешко, свинско, јагнешко месо: 72 степени целзиусови
Мелено пилешко: 74 степени целзиусови
Јадења со јајца: 72 степени целзиусови
Риба: 62 степени целзиусови
Шкампи, јастог и рак: варете додека месото не добие бисерна и нетранспарентна боја
Остатоци од претходен оброк: повторно се загреваат на најмалку 74 степени целзиусови
Супи, сосови и чорби: се загреваат до температура на вриење
Јајца: независно дали се варат, пржат или во омлет бидете сигурни жолчките и белките да станат цврсти, не течни
Храна која треба да се избегнува
Како дополнение на одржувањето на добри хигиенски навики за безбедна храна, постојат и одредени видови храна која бремените жени не треба да ја консумираат:
Сирово или слабо печено месо и живина
Сирова риба (вклучувајќи суши)
Недопечени и сирови школки, остриги и ракови
Риба која содржи високо ниво на жива (сабјарка,скуша и ајкула)
Димена морска храна
Непастеризирани млечни производи (сирово млеко и сирење)
Некои свежи меки сирења (Бри, Камемберт, Сино данско освен ако не се направени од пастеризирано млеко)
Живи или слабо печени или пржени јајца (меко варени, течни)
Прехранбени продукти кои содржат слабо печени или варени јајца
Сиров зеленчук (луцерка, детелина и ротквица)
Непастеризирани овошни и зеленчукови сокови
Паштети и слични намази

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.