ХАЛАЛ храната во последните неколку години има се поголемо присуство во големите европски и северноамерикански синџири за брза храна и супермаркети и поради тоа прехранбените компании се приклучуваат на тој тренд со цел да здобијат предност пред конкуренцијата.
Технолошкиот напредок значи дека потрошувачите очекуваат поголема транспарентност во процесот на производство на храна. Тие сакаат уверување во хуманите процедури и многу потрошувачи сега ја следат својата храна “од фарма до трпеза.” Со оглед на фактот дека храната произведена по ХАЛАЛ носи ригорозни стандарди на производство, потрошувачите почнуваат да ги гледаат ХАЛАЛ прехранбените производи како здрави, органски, етички и “animal-friendly“. Муслиманските потрошувачи, од своја страна, сакаат да го одржат ХАЛАЛ начинот на живот, и тие сакаат бидат информирани за прехранбените компании кои ги следат ХАЛАЛ стандардите и за нив секако најголема важност има сертификацијата издадена од овластено тело.
Што е ХАЛАЛ?
Халал е арапски збор што значи “дозволено” и халал производи се оние кои се “законски” т.е. дозволени од страна на исламските закони. Забранета храна се нарекува “Харам”. ХАЛАЛ системот највеќе се занимава со тоа како се постапува со месото во процесот на производство на храна и како се елиминиран вкрстената контаминација. Халал храната вклучува житарки, овошје и зеленчук, кои не е дозволено да бидат припремени со алкохол, животински масти, свинско или други “харам” состојки.
Според исламскиот закон, животните треба да биде живи и здрави на местото на колење, кои мора да се одвива како точно одредена процедура која вклучува искрварување на крвта од трупот и рецитирање на муслиманските молитва во чест на Алах. Халал колењето на животните историски се развивало заедно со духовните принципи со кои се минимизира болката и се хумани и “се чисти”.
ХАЛАЛ стандард
Не постои група на светски стандарди за ХАЛАЛ сертификација, и постојат многу ХАЛАЛ сертификациони тела; прехранбените компании можат самостојно да тврдат дека работат по ХАЛАЛ стандардите, но многу експерти од оваа област се против таа идеја: бидејќи Халал и Харам секогаш не се во целост разбрани и можно е немуслиманските компании да ја потценат комплексноста на ХАЛАЛ системот.
ХАЛАЛ сертификација
Сите процедури, објекти и опрема мора да ги исполнат барањата на постоечките ХАЛАЛ документи со цел да се добие Халал сертификација преку сертификационо тело. Добавувачите може да поднесат барање за аудит од страна на ХАЛАЛ инспектори и во текот на ревизијата на линијата за производство мора да бидат муслимански работници; додека следливоста и постапката за одобрување на снабдувачи исто така мора да бидат имплементирани и прецизни.
Ревизијата завршува со заклучоци каде се истакнува кои корективни мерки би требало да се направат и потоа се прави уште една дополнителни ревизија за да се потврди дека неусогласеностите се отстранети. По одобрувањето и доделувањето на ХАЛАЛ сертификацијата, еднаш годишно се прави ревизија за потврди дека ХАЛАЛ системот се одржува правилно.
Важно е да се има на ум дека иако компанијата е ХАЛАЛ сертифицирана исто така е потребно да има сертификација за безбедност на храна (како ISO 22000, BRC, IFS или SQF и др. стандарди). ХАЛАЛ сертификатот не се смета како еквивалентен на споменатите.
Софтверот за следливост во производството може да биде исклучително корисна алатка во процесот на сертификација и управување со прописите за безбедност на храна. Кога некоја компанија е ХАЛАЛ сертифицирана, симбол во вид на буквасе отпечатува на врвот на производот, кој го означува како ХАЛАЛ производ.
Важност на ХАЛАЛ означувањето
Овој симбол (ознака) е од клучно значење за придобивање на довербата и лојалноста на муслиманските потрошувачи. Кај младите муслимани, социјалните медиуми активно се користат за да се шират гласини и дезинформации – кои често се лажни – за тоа дали производите на некоја компанијата се ХАЛАЛ сертифицирани. Важно е да се избере Сертификационо тело кое е глобално прифатено и прифатено од страна на исламските научници и верски работници.
