• Home  
  • Која храна мора да ја миеме?
- Едукација и совети

Која храна мора да ја миеме?

Миењето на храната е еден од најважните начини за намлување на ризикот од појава на труење со храна. Тука спаѓаат и миењето на рацете и миењето на работните површни во кујната и кујнските помагала. Сепак кога се работи за храната тука постојат некои други правила. Има типови на храна кои мора секогаш да се мијат […]

Миењето на храната е еден од најважните начини за намлување на ризикот од појава на труење со храна. Тука спаѓаат и миењето на рацете и миењето на работните површни во кујната и кујнските помагала. Сепак кога се работи за храната тука постојат некои други правила. Има типови на храна кои мора секогаш да се мијат и други типови кои не треба да се мијат.
Секогаш треба да се мијат:
Овошјето и зеленчукот, се мијат со ладна вода пред конзумацијат. Не се користи сапун бидејќи порозната површина на овие артикли може да ги аспорбира состојките на средството за миење. По миењето тие се сушат со чиста крпа или хартиена марамица како би се отстраниле и застанатите бактерии на површината.
Банани, авокадо, цитрони, лимони, заедничко кај сите овие намирници е тоа дека обвивката (кората) не се јаде. Сепак се препорачува миење на овие продукти поради фактот дека при сечењето и лупењето бактериите може да навлезат од надворешниот слој во внатрешноста.
Садови и капачиња од садови за храна, капаците секогаш се мијат пред отварањето на лименките, теглите или садовите со храна поради можноста на нив да се задржале некои честички или бактерии кои можат да паднат во храната.
Никогаш не се мијат:
Суровото пилешко месо т.е. пиле, и покрај различното јавно мислење пилешкото месо не се мие. Миењето под млаз вода всушност може да доведе до распрскување на бактериите низ кујната. Секогаш постои голема веројатност пилешкото месо да ги содржи бактериите Salmonella или Campylobacter. единствениот начин за да се уништат овие бактерии е со правилна термичка обработка на пилешкото месо.
Риба, оваа намирница не треба да се мие бидејќи исто така може да дојде до загадување на другите елементи во кујната.
Јајца, по купувањето јајцата не се мијат бидејќи може да се острани заштитниот природен слој кој ги обложува јајцата.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.