Интолеранцијата на храна ги вклучува сите останати реакции поврзани со храна, и тоа обично се оние кои не можат да се тестираат. Интолеранција на храна може да се јави кај било кој, на било која возраст и обично вклучува повеќе од еден тип на храна. Реакцијата може да се јави за неколку дена, а истата вообичаено зависи од количината на изедената храна. Како симптоми на интолеранција на храна се вклучуваат:
• Симптоми на кожата: осип, оток, егзема
• Респираторни проблеми: астма, воспаление на синусите, назална конгестија
• Гастроинтестинални симптоми: гадење, повраќање, дијареа, констипација, гас, болки во стомакот
• Други симптоми: мигрена, нервна болка, болки во мускулите, оштетување на меморијата, депресија.
Видови на интолеранција на храна
Интолеранциите на храна можат да бидат поделени во неколку групи.
Ензимски дефицит
Ако некој ензим недостасува во вашиот дигестивен систем или не функционира правилно, тој нема да биде во можност да помогне во варењето на храната со која е поврзан. Ова ќе предизвика дигестивни симптоми како што се дијареја, надуеност, гасови и болки во стомакот.
Најчест ензимски дефицит е на лактаза, што предизвикува нетолеранција на лактоза. Лактаза помага во варењето на млечниот шеќер – лактоза. Вообичаено луѓето со овој проблем може да толерираат мали количини на храна која содржи лактоза.
Други ензимски недостатоци се ретки, но понекогаш може да се јави и интолеранција на фруктоза, малтоза и сахароза.
Алергија како интолеранција
Постојат реакции на храна која најчесто предизвикува алергија, како што е млекото, пченицата, јајцата и сојата кои се всушност интолеранции. Тие нема да се појават на тестови за алергија, но можат да бидат тестирани со други помошни тестови. На пример: примена на паста од сомнителната храна на кожата на грбот кое потоа се следи за реакции во текот на неколку часа. Интолеранција на храна, најлесно се дијагностицира со диета на принцип на елиминација под надзор на нутриционист.
Надразнувачи / иританти
Некои видови на храна може да бидат иритирачки за дигестивниот систем, предизвикувајќи симптоми како што се дијареја, гасови, болки во стомакот и надуеност. Примери за иританси се: кофеинот, зачини, лук, кромид, зелка, сушено овошје и сорбитол (се наоѓа во производи без шеќер како што се гуми за џвакање).
Хемиска интолеранција на храна
Двете главни класи на хемикалии кои се јавуваат природно во храната се салицилати и амини. Овие можат да влијаат или да предизвикаат астма, чешање, уртикарии, егземи и мигрена.
Food toxins
Some foods contain natural toxins that can increase under certain conditions. Other foods produce toxins as they spoil. Some people may be very sensitive to these toxins and so be more likely to experience adverse effects.
Токсини / отрови во храната
Некои храни содржат природни отрови, кои може да се зголемат при одредени услови. Некои храни произведуваат токсини при расипувањето. Некои луѓе може да се многу чувствителни на овие токсини и кај нив е поголема веројатноста да се јават несакани ефекти.
• Расипаната риба продуцира хистамин кој може да предизвика реакции слични на алергија.
• Сушениот грав и наут содржи токсини. Овие продукти треба да се потопат во вода и добро да се сварат за да се отстранат отровите.
• Горчливите тиквички или оние кои имаат силен непријатен мирис може да содржат токсини од соевите на диви тиквички и не треба да се јадат.
• Касава и бамбус мора да бидат правилно зготвени пред јадење.
Сулфити
Сулфитите во храната мора да бидат наведени на декларацијата на храната, иако реакцијата на сулфити не се смета за алергија, туку за интолеранција.
Сулфитите се конзерванси кои најчесто се користат најчесто во вино и сушено овошје. Броеви кои ги означуваат како адитиви се 220 – 228. Сулфитите се ознчуваат со еден од овие броеви во листата на состојки на етикетата на храната. Над одредено ниво, декларацијата мора да содржи ознака “содржи додадени сулфити”.
Сулфитите главно предизвикуваат астма кај чувствителните луѓе, но исто така може да предизвикаат осип, синдром на нервозно дебело црево и главоболки.
