Алергисики реакции
Алергиски реакции се тешки несакани реакции кои се случуваат кога одбранбениот (имунолошкиот) систем на организмот реагира на одреден алерген.Овие реакции може да се предизвикани од храна, инсекти, лекови или други субстанци. Најчести алергени се кикириките, бадеми, бразилски ореви, индиски ореви, лешници, макадамија, фстаци, сусам, млеко, јајца, моркса храна (риби, школки и ракови), соја, пченица, сулфити (адитиви за храна) и сенф.
Најчести алергии на храна
Јајца
Млеко
Сенф
Кикирики
Морска храна (риба, школки, ракови)
Сусам
Соја
Сулфити
Лешници, бадеми
Пченица
Кои се симптомите на алергиска реакција?
Кога некое лице доѓло во контакт со некој алерген, симптомите на реакцијата може да се развијат брзо и да бидат благи или многу тешки.Најтешкиот облик на алергиска реакција се нарекува анафилакса. Симптомите при оваа фаза вклучуваат тешкотии при дишењето, намален крвен притисок или шок, губење на свеста, дури и смртен исход.Лицето кое има алергиска реакција ги има следните симптоми:
Црвено лице,со уртикарии или осип, црвена кожа и чешање
Отекување на очите, лицето, усните, грлото и јазикот
Тешкотии при дишењето, зборувањето и голтањето
Нервоза, несвестица, бледило, слабост
Грчеви, дијареја, повраќање
Намален крвен притисок, тахикардија, губење на свеста
Како се третираат алергиите и тешките облици на алергисики реакции?
Моментално не постои лек за алергиите предзивикани од храна. Единствената опција е избегнување на наведените алергени. Соодветната терапија при појава на анафилакса е инекција со епинефрин. Оваа инекција се дава што побрзо по појавата на симптомите. Понатака мора дасе продолжи со соодветен третман и надзор во најблиската болница.
