Секој од нас треба да се придржува до општите мерки за безбедност на храната во секое време:
Бактериите се размножуваат во „опасната зона“ помеѓу 4°C и 60°C. Чувајте ја оладената храна на 4°C и топлата храна над 60°C.
Чувајте го суровото месо, пилешкото и морската храна во садови на најдолната полица на ладилникот. Користете садови кои се доволно големи за да се спречи протекувањето на соковите (течностите) од месото да капат врз друга храна или да ја допира останатата храна.
За време на купувањето, чувањето, приготвувањето и сервирањето чувајте ја сировата храна настрана од другата храна.
Измијте го свежото овошје и зеленчук пред конзумацијата, чистете ги работните површини и даски и мијте ги рацете редовно.
Читајте ги етикетите (декларациите) и следете ги инструкциите за готвење и чување на сите видови храна. Проверете го рокот на траење на производот и ако најдете некој производ на кој рокот е истечен пријавете на вработените во продавницата.
Користете топла вода со сапуница за чистење ножеви, даски за сечење, прибор за јадење, вашите раце и други површини кои доаѓаат во контакт со храна, особено месо и риба.
Ставете ја во фрижидер или во замрзнувач лесно расипливата храна во рок од два часа по готвењето.
Замрзнете ја или изедете ја заостаната храна во рок од четири дена по готвењето. Секогаш подгревајте ја оваа храна до точка на вриење пред јадење.
Чувајте ги фрижидерите чисти и на температура под 4ºC. Инсталирајте термометар во фрижидерот за да бидете сигурни.
Многу штетни бактерии кои би можело да бидат во храната се уништуваат кога храната се готви на одредена внатрешна температура. Користите дигитален термометар за храна за мерење на температурата на храната, со што ќе сте сигурни дека таа е загреана доволно.
