Шигелозата е инфективна болест предизвикана од група на бактерии наречени Shigella. Овие бактерии се чести и живеат во дигествиниот тракт на инфицираните луѓе. Оваа болест е чест причинител на дијареја која може да има и примеси на крв.
Причинител
Што ја предизвикува шигелозата? Како се шири?
Конзумацијата на контаминирана храна и вода со Shigella е причина за појавата на шигелоза. Оваа болест е многу заразна и може да се пренесува од човек на човек.Најчесто се шири со директен контакт помеѓу луѓето или преку загадена храна. Контаминирањето на храната е најчесто со лоша лична хигиена (немиење на рацете) и при припремата на храна.
Меѓусебниот контакт на децата при игра во неодржувани базени или фонтани.
Внес на овошје и зеленчук кои се контаминирани со оваа бактерија.
Оваа болест може да се шири и со помош на мувите кои биле во контак со фецес или ѓубре.
Симптоми
Кои се симптомите на шигелозата?
Како и кај другите болести предизвикани од храна главните симптоми се покажуваат на дигестивниот тракт. Тие вклучуваат:
Треска
Дијареја
Стомачни грчеви
Повраќање
Ректална болка
Овие симптоми најчесто се појавуваат еден до три дена по внесот на бактеријата, но може да се јават и до една недела по инфекцијата.
Некои луѓе кои се инфицирани со Shigella не покажуваат никакви симптоми, но сепак тие можат да бидат причина за ширење на болеста.
Колку долго траат симптомите?
Луѓето кои заболеле од оваа болест ги покажуваат навдедените симптоми 4-7 дена.
Колку долго луѓето кои заболеле се инфективни?
Лицата кои заболеле од оваа болест се инфективни и по престанокот на симптомите и тоа во времетрање од 4 недели
Дали постојат видови на храна кои носат зголемен ризик за појава на болеста?
Храната најчесто се контаминира од загадена вода и тоа најчесто со хуман измет. Храната може да се контаминира и од страна на лице кое е носител на бактеријата. Следните видови на храна носта најголем ризик за појава на оваа болест:
Готови салати со пилешко, овошје, зелена салата, тестенинит, компир, ракчиња, туна, мисирка
Храна која била во загадена вода (школки, зеленчук, остриги)
Дали кај некои луѓе постои зголемен ризик од оваа болест?
Секој кој дошол во контакт со загадена храна или вода може да се разболи од оваа болест, сепак најчесто заболуват деца до 10 годишна возраст. Децата на оваа возраст претставуваат две третини од пријавените случаи со шигелоза на светско ниво.
Компликациите кај оваа болест се можни со појава на спетикемија. Мал број на луѓе развиле Reiter-ов синдром (хроничен артрит), невролошки компликации-грчеви и хемолитичко уремичен синдром.
Превенција
Како да се превенира оваа болест?
Правилна хигиена на рацете и добро ракување со храната и нејзина правилна припрема се клучни за превенирање на оваа болест.
Ако вашето дете е заболено од шигелоза не го праќајте во градинка или школо и избегнувајте контакт со други деца.
Бидете сигурни дека вашите деца темелно ги мијат своите раце.
Ако патувате во земји од третиот свет бидете сигурни дека водата што ја консумирате е од безбеден извор. Избегнувајте да пиете од водата при пливање или туширање.
Ако мислите дека сте заболени од оваа болест избегнувајте да припремате храна за други лица.
