• Home  
  • Salmonella општи информации
- Безбедност на храна

Salmonella општи информации

Салмонелите се група на бактерии кои често се наоѓаат во цревата на животните и птиците. Бактериитесе пренесуваат на луѓето со конзумирање на загадена храна. Доста често загадената храна е со животинско потекло (говедско, пилешко, млеко, јајца), но сепак сите типови на храна дури и зеленчукот може да бидат контаминирани.ПричинителШто ја предизвикува салмонелозата? Како се шири?Јадењето […]

Салмонелите се група на бактерии кои често се наоѓаат во цревата на животните и птиците. Бактериитесе пренесуваат на луѓето со конзумирање на загадена храна. Доста често загадената храна е со животинско потекло (говедско, пилешко, млеко, јајца), но сепак сите типови на храна дури и зеленчукот може да бидат контаминирани.
Причинител
Што ја предизвикува салмонелозата? Како се шири?
Јадењето на загадена храна е најчеста причина за инфекција со бактериите од родот Salmonella. Контаминираната храна вклучува сирови или недоволно термички обработени јајца и нивни производи, месо, свежо овошје и зеленчук.
Причина за инфекција со салмонела е и контакт со недоволно добро исчистени површини на кои претходно е припремено свежо месо или друга храна, или немиено овошје и зеленчук.
Салмонелозата може да се појави и по контакт на луѓето со животните (вклучувајќи ги тука и рептилите, амфибиите, хрчаци, птици, домашните животни, кучињата и мачките).
Симптоми
Кои се симптомите на болеста?
Најчестите симптоми се:
Дијареја
Треска
Стомачни грчеви
Повраќање
Колку дого траат симптомите?
Симптомите се појавуваа за 6-72 часа од внесувањето на бактериите и траат од 4-7 дена.
Колку долго се заболените луѓе инфективни?
Луѓето кои се инфицирани со салмонела може да се инфективни за другите луѓе од неколку дена до неколку недели.
Ризици
Дали постојат видови на храна кои носат зголемен ризик за појава на болеста?
Сировото месо, пилешкото месо и јајцата кои се контаминирани со salmonella и се лошо термички обработени се најчестиот извор на болеста. Следните видови на храна се исто така асоцирани со појава на болеста:
непастеризирани млечни производи (сирово млеко и сирење, млечни десерти и филови)
Свежо овошје и зеленчук
Домашни преливи за салати, мајонез, сладолед, кремови, тирамису
Дали кај некои луѓе постои зголемен ризик од оваа болест?
Некои луѓе се поподложни на болеста. Постарите лица и нивниот ослабен имунолошки систем се разболуваат полесно поради неможноста да се одбраната од инфекцијата и кај нив се можни и потешки форми на болеста.
Повеќето од заболените се опоравуваат за неколку дена. Кај потешки случаи болеста може да има и смртен исход.
Превенција
Како да се превенира оваа болест?
Миењето на рацете е еден од најдобрите начини за превенција. Темелното готвење на храната е исто така уште еден важен фактор.
Следните совети ќе ви помогнат да го намалите ризикот од инфекција со оваа бактерија.
Бактериите живеат и се развиваат во опасната температурна зона помеѓу 4°C и 60°C. Одржувајте ја храната на ниска температура на или под 4°C, додека топлата храна се одржува на или повеќе од 60°C.
Чувајте го суровото месо, пилешкото и морската храна во садови на најдолната полица на ладилникот. Употребувајте садови кои се доволно големи за да спречат истекување на соковите (течностите) и нивно капење врз друга храна или контакт со друга храна.
Чувајте ја суровата (неприпремена) храна одвоена од другата храна, за време на купувањето, складирањето, подготовкато и послужувањето.
Измијте го свежото овошје и зеленчук пред да ги консумирате, одржувајте ги чисти работните површини и даските за сечење и редовно мијте ги вашите раце.
Читајте ги декларациите на храната и следете ги дадените упатства за готвење и за чување. Проверувајте го рокот на трајност на производите и ако најдете нешто на полиците во супермаркетите со поминат рок на траење пријавете го тоа на вработените.
Користете топла вода и средство за чистење на ножевите, даските за сечење, приборот за јадење, рацете и сите останати површини кои доаѓаат во контакт со храната, особено месото и рибата.
Ставете ја во фрижидер или замрзнете ја расипливата храна во рок од два часа по готвењето.
Замрзенете ја или изедете ја останатата храна во рок од четири дена по приготвувањето. Секогаш подгревајте ја до вриење храната пред јадење.
Фрижидерите одржувајте ги чисти и на температура под 4ºC. Поставете термометар во фрижидерот за да бидете сигурни.
Ако мислите дека сте инфицирани со салмонела не приготвувајте храна за други лица.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.