Што е ботулизам?Ботулизам е ретка болест предизвикана од токсин произведен од бактеријата Clostridium botulinum. Оваа бактерија се појавува природно и може да се најде во почвата, водата, кај животните, во загадена храна или во земјоделски производи. Токсинот произведен од Clostridium botulinum е најпотентниот познат токсин и може да влијае на луѓето, животните, дури и на […]

Што е ботулизам?
Ботулизам е ретка болест предизвикана од токсин произведен од бактеријата Clostridium botulinum. Оваа бактерија се појавува природно и може да се најде во почвата, водата, кај животните, во загадена храна или во земјоделски производи. Токсинот произведен од Clostridium botulinum е најпотентниот познат токсин и може да влијае на луѓето, животните, дури и на рибите.
Постојат три вида на ботулизам, кои се јавуваат природно: Алиментарна (преку храната), преку повреди и рани и бебешки (детски) ботулизам.
Алиментарен – ретко се јавува, потенцијално е опасно по живот, предизвикана со јадење храна контаминирана со токсинот.
Преку повреди и рани – невообичаени и ретки појави. Се случува кога отворената рана ќе се загади со бактерии кои произведуваат токсин, кој потоа навлегуваат во крвотокот.
Бебешки (детски) ботулизам – обично се јавува кај деца помали од една година, како резултат на внесување на бактериските спори и што резултира со појава на токсинот во цревата.
Единствена форма на човечки пренослив ботулизам е оној преку вдишување.Инхалационен ботулизам се пренесува од мајмуни на ветеринарите и лабораториските работници.

Како се шири ботулизмот?
Обично се шири преку загадена храна која содржи ботулински токсин.
Дали ботулизмот се шири од човек на човек?
Не. Ботулизмот не може да се пренесува од човек на човек.
Како може да се спречи или превенира ботулизам?
Алиментарниот ботулизам настанува поради неправилното домашно конзервирање на храни со ниска киселост како што аспарагус, боранија, репка, пченка и риба или месо. Примери на појава на ботулизам од други извори вклучуваат несоодветно складиран лук во масло, пиперки и домати. Важно е да се следат строгите хигиенски процедури за да се намали загадувањето на храна.
Мед не треба да се дава на деца под една година возраст. Пчелите може да ги соберат ботулинските спори од цвеќињата или почвата. Спорите не се уништуваат при преработката на медот. Кај деца постари од една година, цревните бактерии можат успешно да го спречат растот на C.botulinum.

Кои се симптомите на оваа болест?
Симптомите варираат во зависност од видот на ботулизам и степенот на изложеност на токсинот. Обично се појавуваат за 6 часа до 36 часа кај алиментарниот ботулизам; за 72 часа кај инхалациониот ботулизам и за 4-8 дена при инфекција на рана со оваа бактерија.
Раните симптоми за сите форми на оваа болест се: заматен вид, тешкотии при зборување и голтање, сува уста и замор. Оштетувањето на нервите резултира со акутна парализа која се јавува на лицето, главата, вратот, градниот кош и екстремитетите. Смртта може да настапи поради респираторна инсуфициенција.

Како се лекува ботулизам?
Ботулизмот мора да се дијагностицира и третира брзо со против-отров кој не може да делува на веќе покажаните симптоми од оваа болест, но може да ја спречи понатамошната парализа. Антибиотиците не се ефикасни против отровите. Третманот е ограничен на симптоматска (општа) терапија и антибиотици за лекување на секундарна бактериска инфекција.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.