Безбедноста на храната денеска е вообичаен концепт. Но, тоа е, исто така, релативно млада област која продолжува брзо да напредува.
Потекло на денешниот концепт за безбедност на храната
Потеклото на раширената свест за безбедност на храната се случува кратко време по индустриската револуција. Во раните 1900-ти прехранбената индустрија е речиси целосно нерегулирана. Со објавувањето на романот “Џунгла” од Аптон Синклер, завесата беше подигната што откри некои шокантни практики кои биле вообичаени во месната индустрија. Другите индустриски сектори на прехранбената индустрија исто така не се разликуваа многу.
Од тогаш, безбедноста на храната бележи големи промени. Во 1960 година, вселенската програма за храна на НАСА за прв пат ја воведе Анализата на опасности и критични контролни точки (HACCP) во производството на храна. HACCP системот е научно базиран, квантитативен пристап кон безбедноста на храната. Овој систем набрзо стана основниот елемент зад најважните системи за сертификација на безбедноста на храната.
Постојаната еволуција на безбедноста на храната се случува на многу фронтови. Нови и растечки опасности и ризици, вклучувајќи ги алергените, глутенот, измамите со храна, патогените организми, антибиотиците и пестицидите мора да бидат добро разбрани и менаџирани.
Глобализацијата: Нов предизвик за безбедноста на храната
Глобализацијата на прехранбената индустрија додаде уште еден слој на предизвици. Разликите во регулативите и надзор помеѓу земјите може да резултираат со несигурност на снабдувачките синџири и да ја попречуваат способноста на прехранбената индустрија за контрола на ризиците. Законодавството брзо се надоградува за да се земат во предвид следливоста, научните барања, процесите на означување и повлекување на храната.
Потребата на прехранбените компании за сертификација на стандард за безбедност на храната (понекогаш ова се нарекува шема за безбедност на храна) станува задолжителен услов за водење бизнис. Сертификацијата е континуиран процес кој се состои од повеќе фази. Компаниите се редовно ревидирани (надгледувани) од страна на трети лица за да се осигура нивното придржување до барањата на стандардот. Овие барања вклучуваат активности како санитација, хигиена, лабораториски испитувања, следење и управување со синџирот на снабдување и водење на документацијата. Сите големи компании во прехранбената индустрија бараат нивните добавувачи да се сертифицирани.
Јавна свест и препознавање на безбедноста на храната
Денес, широката употреба на социјалните медиуми и 24-часовниот циклус на известувања во вид на вести, исто така, значи поголемо знаење на потрошувачите и дека нивните очекувања се менуваат. Информациите за производот и неговите состојки, оценките на потрошувачите и известувањата за повлекување на храната сега може да се достават во рок од неколку секунди. Ова ниво на јавна свест го подига нивото кај прехранбената индустрија со цел компаниите да се транспарентни и одговорни за безбедноста на храната.
Генерално, развојот на безбедноста на храната во текот на изминатите неколку децении бележи промена од реактивен процес кој се фокусирал на крајниот производ во проактивен процес, со холистички пристап кон синџирот на снабдување. Соработката со синџирот за снабдување и помеѓу индустријата и владите на државите е во главниот фокус на модерниот денешен концепт за безбедност на храна.
Безбедноста на храната е многу важна тема кај која остануваат уште многу предизвици. Заштитата на луѓето од алиментарни болести, проблемите со контрола на квалитетот и измамите со храна се дел од процесот кој е во тек и е од клучно значење за здравјето и благосостојбата на сите нас.
