• Home  
  • Совети за припрема на безбедни природни сокови
- Едукација и совети

Совети за припрема на безбедни природни сокови

Цедењето сокови е во тренд. Пиењето сок од овошје или сок од зеленчук може да биде здрава и освежувачка практика. Еден од начините да се пополни празнината од доволен внес на овошје и зеленчук во вашата исхрана е всушност со внесување на чист сок од овошје и зеленчук. Но пред да започнете запознајте ги ризиците […]

Цедењето сокови е во тренд. Пиењето сок од овошје или сок од зеленчук може да биде здрава и освежувачка практика. Еден од начините да се пополни празнината од доволен внес на овошје и зеленчук во вашата исхрана е всушност со внесување на чист сок од овошје и зеленчук. Но пред да започнете запознајте ги ризиците кои ги носи оваа навика.
Пастеризиран или “суров”: Кој сок треба да се купи?
Кога намирниците се цедат во сок, сите бактерии од надворешниот или внатрешниот дел на овошјето или зеленчукот стануваат дел од крајниот производ. Освен во случаите кога сокот понатака не се процесира на начин на кој би се уништиле потенцијално присутните патогени бактерии, не постои друг начин со кој би биле сигурни во безбедноста на крајниот производ. Затоа повеќето сокови кои се продаваат во супермаркетите се пастеризирани како би се осигурала нивната безбедност за употреба.
Свежо направените сокови (на пример во рестораните, џус баровите итн.) не се пастеризираат. Повеќето луѓе имаат доволно силен имунолошки систем како би се справиле со мал број на бактерии во овие сокови. Сепак кај лицата со зголемен ризик (бебиња, деца, бремени жени, постари лица и луѓе со ослабен имунитет) се препорачува конзумирање само на пастеризирани сокови.
Дали може да се направи домашен безбеден сок?
Да, секако дека може. Најпрвин мора да се измие добро се што ќе користиме за цедењето на сокот (овошје, зеленчук, ножеви, блендер, соковник, даски за сечење, чаши).
Три совети кои треба да се следат:

  1. Читајте ги декларациите
    На овие декларации би требало да е наведенои дали сокот е пастерзиран. Доколку не е пастеризиран тој мора да се чува во фрижидер и на него да стои ознака дека се работи за непастеризиран производ.
  2. Прашувајте
    На соковите кои се продаваат во рестораните, џус баровите и слични објекти не постои декларација. Кога не сте сигурни слободно прашајте дали сокот претрпел некаков третман со кој би се осигурала неговата безбедност.
  3. Одржувајте ја хигиената
    Независно дали вие сами го припремата сокот или гледате како тој се припрема внимавајте на хигиената при сите фази на подготовка.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.