• Home  
  • ISO 22000 Стандард за управување со безбедноста на храната
- Производство на храна

ISO 22000 Стандард за управување со безбедноста на храната

Со публикацијата на стандардот за управување со безбедноста на храната ISO 22000 добивме уште една алатка во овој сегмент.Во последните години загриженоста околу безбедноста на храната и сториите поврзани со неа секогаш се под лупа на јавноста независно дали се работи за болеста на луди крави, труењата со E. coli, дебатата за ГМО или адитивите.За […]

Со публикацијата на стандардот за управување со безбедноста на храната ISO 22000 добивме уште една алатка во овој сегмент.
Во последните години загриженоста околу безбедноста на храната и сториите поврзани со неа секогаш се под лупа на јавноста независно дали се работи за болеста на луди крави, труењата со E. coli, дебатата за ГМО или адитивите.
За да се пребродат овие грижи и закани индустријата за храна е секогаш активна во пронаоѓањето на решенија кои ќе ја подобрат безбедноста на храната. Постоечките алатки за верификација на безбедноста на храната: HACCP (Hazard Analysis Critical Control Points), BRC (British Retail Consortium), IFS (International Food Standard), SQF (Safe Quality Food) и EurepGAP (Euro-Retailer Produce Working Group Good Agricultural Practices) се користат од сите компании вклучени во овој бизнис како би им помогнале во секојдневната работа.
Издаден во септември 2005 година стандардот за управување со безбедноста на храната ISO 22000 е најмладиот член во ова друштво. Овој стандард е продукт на соработката помеѓу International Organization for Standardization (ISO) и индустријата за храна. Замислата е овој стандард да биде интернационален, погоден за проверки и контроли (внатрешни инадворешни) и да се протега низ целиот синџир на храна (како би се осигурале дека не постојат слаби алки во истиот). Работната група која го равиваше стандардот вклучуваше членови од 14 земји и членови од Codex Alimentarius. Целта беше да се земе во предвид глобалната природа на индустријата за храна и да се равие стандард со интернационален консензус.

Суштината на ISO 22000
Според International Organization for Standardization (ISO), ISO 22000 е наменет за да се обезбеди дека не постојат слаби алки во синџирот на храна. Овој стандард е применлив кај огромен број на компании (производители на добиточна храна, во примарното производство, транспортни и складишни компании, продажни мрежи, производители на опрема, материјали за пакување, средства за чистење, адитиви за храна итн.)
Овој стандард ги специфицира барањата со чие исполнување една компанија ќе ја покаже способноста да ја контролира безбедноста на храната (т.е. опасностите) со цел да воспостави континуирано производство на безбедни производи кои ги исполнуваат барањата на потрошувачите, но и оние барања дадени во законската регулатива.
Главната разлика на овој стандард од другите стандарди лежи во делокругот и интернационалната применливост, но и во тоа дека не нуди нормативна листа на барања за добра пракса. Стандардот го потврдува фактот дека е невозможно да се именуваат сите барања за сите видови на бизниси со храна и наместо тоа го става товарот на компанијата да дефинира најдобра практика.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.