• Home  
  • Програм за контрола на штетници – важен дел за безбедноста на храната
- Производство на храна

Програм за контрола на штетници – важен дел за безбедноста на храната

Во минатото контролата на штетници беше еден зафат кој се изведувал со помош на спрјеови со пестицид, родентициди (отрови за глувци) и слични субстанци како би се заштитило производството на храна од инсекти, птици, глодари и други несакани гости.Денес, тоа е променето. Оваа постапка ја изведуваат обучени лица (специјалисти за контрола на штетници) за кои […]

Во минатото контролата на штетници беше еден зафат кој се изведувал со помош на спрјеови со пестицид, родентициди (отрови за глувци) и слични субстанци како би се заштитило производството на храна од инсекти, птици, глодари и други несакани гости.
Денес, тоа е променето. Оваа постапка ја изведуваат обучени лица (специјалисти за контрола на штетници) за кои приоритет е превенцијата отколку хемиската елиминација на штетниците. Ова е потполно оправдано бидејќи ако може да се задржат штетниците надвор од објектот за производство на храна, тогаш се намалува потребата за користење на хемиски средства. Тоа е голем плус за производството на храна од очигледни причини.
Службениците од секторот за јавно здравство го припишуваат денешното повисоко ниво на живот на три нешта: подобри лекови и вакцини, подобри санитарни услови и подобра контрола на штетници. Во неколку анкети за јавно мислење стравот од инсекти и бубачки се пласирал на трето место веднаш по стравот од висина и стравот од јавен настап.
На штетниците, се разбира, не им е местото во објектот во кој се произведува или служи храна. На годишно ниво се пријавуваат 45.000 случаи на луѓе гризнати од стаорци, кои се носители на треска, Salmonella, тифус, чума, лептоспироза и други болести. Лебарките и мувите со нивното движење преку контаминирани области може да бидат преносители на E. coli, Streptococcus, мувли, Salmonella, квасци, клостридии и мноштво други бактерии во храната.
Секој дел од прехранбената индустрија во денешно време е потребно да има воспоставено ефективна и интегрирана програма за контрола на штетници. HACCP стандардите го бараат тоа, бидејќи контролата на штетници се смета за критична контролна точка.

Добро дизајниран програм за контрола на штетници ги вклучува следните елементи:

  1. Мониторинг: комбинација од визуелни проверки на ловните места (мамци) заедно со електронско следење на податоците
  2. Идентификација: познавање на навиките и биологијата на штетниците (циклус на размножување, омилена храна итн.)
  3. Инспекција и одржување на објектите: спроведување на редовни планирани и темелни инспекции. Проверка и корекција на сите пукнатини во ѕидовите, подовите или вратите каде штетниците може да влезат во објектот
  4. Санитација на објектите: Одржување на чиста работна средина што би го отежнало опстанокот на штетниците (отсуство на отпад, остатоци од храна)
  5. Документација: одржување на точни и детални податоци што би помогнало во понатамошното подобрување на целиот програм за контрола на штетници
  6. Комуникација: одржување на добра комуникација помеѓу службата за контрола на штетници и менаџментот на објектот за производство на храна како би се увиделе постоечките проблеми и би се решавале ефикасно

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.