Мајчиното млеко њ најдобро за бебињата и сите мајки кои можат треба да ги дојат своите бебиња. Мајчиното млеко ги содржи сите неопходни состојки кои им се потребни на бебињата, но доењето има позитивни ефекти и кај мајката и кај бебето. Сепак, родителите кои решиле или мораат да ги хранат своите бебиња со вештачка храна (самостојно или во комбинација со мајчиното млеко) би требало да имаат неколку работи на ум при припремата и чувањето на храната за бебето. И измолзеното млеко и вештачката храна бараат внимателна припрема и чување како би се осигурала безбедноста на истите.
Новороденчињата се подложни на инфекции бидејќи нивниот имунолошки систем сеуште не е развиен во целост. Иако храната за бебиња се производеува во строго контролирани хигиенски услови, таа не е стерилна и може да содржи мал број на бактерии. Правилната припрема на оваа храна ќе го минимизира развојот на штетните бактерии.
Со следење на неколку совети, може да се осигураме дека и измолзеното млеко и вештачката храна се безбедни.
Чистење и санитација на шишиња и останата опрема за хранење
Како би се намалил бројот на бактерии, сите шишиња и опрема за хранење мора да се стерилизираат до три месечна возраст на бебето. Стерилизацијата може да се врши со врела вода, со раствор за стерилизација или со уред за пареа. Мора да се напомене дека машината за садови не врши стерилизација на шишињата и останатата опрема. Откако бебето ќе наполни три месеци доволно е само темелно миење на шишињата и опремата за хранење со топла вода и средство за миење.
Постапки при стерилизација на опремата за хранење на бебето
- Темелно миење и сушење на рацете со сапун и топла вода пред да започнете со миење на опремата за хранење
- Површината каде ќе се врши миењето и стерилизацијата на опремата треба да биде чиста пред да започнете со работа
- Се започнува со миење на опремата со ладна вода и средство за миење на садови. За миење може да користиме и четка за заби која ќе се користи само за таа намена. За миење на цуцлите може да искористиме чисто шише со чија помош темелно ќе ја исчистиме цуцлата
- Се продолжува со миење на опремата со топла вода и средство за миење на садови. За миење може да користиме и четка за заби која ќе се користи само за таа намена. За миење на цуцлите може да искористиме чисто шише со чија помош темелно ќе ја исчистиме цуцлата
- Се плакне опремата за хранење со топла вода и се суши или пак се мие во машина за миење садови
- Стерилизација со вриење
• Сета опрема се поставува во еден поголем сад (тенџере)
• Ако се користат стаклени шишиња може да се постави платнена крпа на дното на садот
• Се полни садот со вода во доволна количина за да ги покрие сите шишиња во него
• Се остава да зоврие водата и потоа се исклучува шпоретот. Се користат чисти штипалки (фаќалки, клешти) за да се извадат шишињата од садот и истите се поставуваат на чиста сува подлога
• Ако опремата за хранење не се користи веднаш тогаш таа се чува на чисто место. Шишињата се поставуваат наопаку како не би навлегла нечистотија во нив или се покрива отворот со стерилно капаче - Други методи на стерилизација се со хемиски средства, во микробранова печка или во посебни уреди за стерилизација со пареа
Совети за ракување и чување на измолзено мајчино млеко
Секогаш пред измолзувањето темелно се мијат рацете со сапун и топла вода. Мајчиното млеко по измолзувањето може да се чува во пластични или стаклени садови со поклопец или капаче. Овие садови се стерилизираат до три месечната возраст на бебето. Ова млеко исто така може да се смрзнува.
Чување на измолзено млеко Време на чување
На собна температура (под 26oC) 4 часа
На температура на ладење (под 4oC) 48 часа
Замрзнато мајчино млеко чувано во:
- комора за замрзнување во фрижидер 2 недели
- замзрнувач 6-12 месеци
Правилно одмрзнување и загревање на измолзено млеко
Одмрзнувањето и загревањето на измолзено млеко не се врши во микробранова печка бидејќи се уништуваат сите клетки во него.
Одмрзнувањето на замрзнато измолзено млеко се изведува во фрижидер или со поставување на шишето во сад загреана вода
Загревањето се врши на следниот начин:
- Во поголем сад се полни врела вода
- Шишето или теглата со замрзнатото млеко се става во садот со топла вода.
- Пред хранењето садот со млекото се промешува за да се изедначи топлината во на млекото во него. Потоа се проврува температурата на млекото со капнување на неколку капки на внатрешниот дел на зглобот на раката. Ако млекото е пријатно топло на допир тогаш е прикладно за хранење на новороденчето.
- Мајчиното млеко не смее да се загрева во миркобранова печка
- Загреаното млеко треба да се искористи во рок од два часа
- По хранењето секое заостанато млеко мора да се фрли. Потоа шишето се мие и стерилизира на начин што е претходно опишан. Измолзеното млеко никогаш не се загрева повеќе од еднаш.
Чување на измолзено млеко за време на патување
Одржување на безбедноста на измолзеното млеко е многу важна за време на патувањата. Тоа може да се чува изладено до 4 часа во термос. Не смее да се користи термос кој се користи и за други напитоци (кафе, чај). Исто така во термосто никогаш не се чува загреано измолзено млеко бидејќи на повисоки температури се стимулира размножување на бактериите.
Пред користење термосот се мие со врела вода и средство за миење. Потоа се плакне со зовриена вода.
Чување и припрема на млеко во прав
Храната за бебиња заштитена и на чисто суво место. Секогаш се проверува рокот на траење и би требало да се искористи четири недели по отворањето.
Безбедна припрема на млеко во прав
- Секогаш темелно се мијат рацете пред започнувањето со припремата на храната за бебето.
- Секогаш бидете сигурни дека површината каде ќе се припрема храната за бебето е чиста.
- Храната се припрема со ладна, претходно зовриена вода. Во првите три месеци водата која се користи за припрема на храната мора да се зоврие и излади на денот кога се користи. Вака припремената вода (зовриена и потоа оладена) може да се чува во фрижидер до 24 часа.
- Бараната количина на вода за припрема на храната се става во чисто и стерилизирано шише и потоа се додава храната за бебето (млекото во прав). Секогаш се користи лажичка и се следат дадените препораки за припрема на пакувањето.
- Доколку сте во можност секогаш припремајте ја храната за бебето веднаш пред оброкот. Доколку не ја искористите во рок од два часа таа мора да се фрли и да се припреми нова.
- Свежо припремената храна може да се чува во фрижидер до 4 часа.
Загревање на припремената храна за бебиња
Припременото млеко може да се загрее во сад со топла вода.
За оваа намена може да се користи миркобранова печка, но секогаш имајте во предвид дека загревањето е нерамномерно и затоа е потребно добро да се промеша млекото по загревањето и да се остави да стои 2-3 минути. Пред хранењето повторно добро се промешува.
Се проверува температурата со капнување на неколку капки на внатрешниот дел од зглобот на раката.
Храната што ќе остане по оброкот на бебето секогаш се фрла.
