• Home  
  • Listeria monocytogenes општи информации
- Безбедност на храна

Listeria monocytogenes општи информации

Listeria monocytogenes е бактерија која може да се најде во храната или во човековата околина. Таа може да предизивика сериозно заболување наречено листериоза.Бремените жени, постари лица и лица со ослабен имунитет се групи кај кои постои зголемен ризик од оваа болест. Кај посериозни случаи листериозата може да предизивика воспаление на мозокот и смрт на заболениот.ПричиниШто […]

Listeria monocytogenes е бактерија која може да се најде во храната или во човековата околина. Таа може да предизивика сериозно заболување наречено листериоза.Бремените жени, постари лица и лица со ослабен имунитет се групи кај кои постои зголемен ризик од оваа болест. Кај посериозни случаи листериозата може да предизивика воспаление на мозокот и смрт на заболениот.
Причини
Што предизивикува инфекција со листерија?
Овие бактерии се распространети во природата (во почвата, вегетацијата, водата, отпадните води, некои сточни храни и во фецесот на човекот и животните. Животните и луѓето може да бидат носители на оваа бактерија без да покажуваат никакви знаци.
Растенијата и зеленчукот може да се контаминираат со Listeria од почвата, водата или со загадено ѓубре. Фармските животни кои изгледаат здрави може да се носители на Listeria и преку нив да се контаминира месото и млекот.
За разлика од повеќето микроорганизми, Listeria може да преживее, па дури и да се размножува во храна која се чува во фрижидер. Овие загадени храни изгледаат нормално, со нормален мирис и вкус. Listeria се уништува со пастеризација и правилни процедури на готвење.
Човекот може да се инфицира со оваа бактерија со јадење или пиење на загадена храна и вода. Исто така може да дојде до инфекција и со вкрстена контаминација преку припрема на храна во кујна каде претходно се приговтувала храна која содржела Listeria.
Околу пет (5%) од здравите лица се носители на Listeria и не покажуваат никакви симптоми
Симптоми
Кои се симптомите на листериозата?
Како и другите труења со храна, симптомите на листериозата воглавно го вклучуваат гастроинтестиналниот тракт.
повраќање,
грчеви,
болки во мускулите,
дијареја,
главоболки,
констипација,
висока телесна температура.
При посериозни случаи кога инфекцијата ќе го зафати и нервниот систем симптомите вклучуваат
главоболка,
вкочќанет врат,
конфузија,
губење на рамнотежа.
Во некои случаи овие симптоми се проследени со менингоенцефалитис и/или спетикемија што може да заврши со смрт на заболениот.
Листериозата може да има блага или тешка форма. Благата форма на листериозата почнува три дена по консумацијата на загадената храна. Кај потешката форма на листериоза, инкубацијата вообичаено е многу подолга (до 70 дена по внесот на бактериите).
Колку долго трааат симптомите?
Времетрањето на болеста зависи од тежината на заболувањето.
Ризици
дали постојат одредени типови на храна кои носат зголемен ризик од листериоза?
Некои видови на храна е поверојатно да бидат загадени со Listeria. Такви се најчесо меките сирења и готовите јадења (хот дог, свежи паштети или деликатесни месни производи). Бремените жени, постарите лица и лицата со ослабен имунитет би требало да ги избегнуваат овие видови на храни како би го намалиле ризикот од заболување.
Дали некои луѓе се поподложни на ова заболување?
Најголем ризик постои кај следните групи на луѓе: бремени жени, новороденчиња, постари лица и лица со ослабен имунитет
Превенција
Како листериозата може да се превенира?
Добра хигиена, правилно ракување и приготвување на храната се клучни во превенцијата од сите труења со храна вклучувајќи ја и листериозата.
Следните совети ќе помогнат да се намали ризикот од инфекција со Listeria monocytogenes или други болести од храна:

  • Читајте ги декларациите на храната и следете ги дадените упатства за готвење и за чување. Проверувајте го рокот на трајност на производите и ако најдете нешто на полиците во супермаркетите со поминат рок на траење пријавете го тоа на вработените.
  • Измијте го свежото овошје и зеленчук пред да ги консумирате.
  • Добро готвење на храната на соодветна температура за готвење. Користете дигитален термометар за храна
  • Чувајте ја ладната храна на температура под 4°C и топлата храна на температура над 60°C.
  • Ставете ја во фрижидер или во замрзнувач лесно расипливата храна во рок од два часа по готвењето.
  • Замрзнете ја или изедете ја заостаната храна во рок од четири дена по готвењето. Секогаш подгревајте ја оваа храна до точка на вриење пред јадење.
  • Чувајте ги фрижидерите чисти и на температура под 4ºC. Инсталирајте термометар во фрижидерот за да бидете сигурни.
  • Не го преполнувајте вашиот фрижидер. Ова ќе ја спречи циркулацијата на ладниот воздух.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.