Норовирусите се група на вируси кои предзивикуваат гастроентеритиси, болест која вообичаено вклучува дијареја и/или повраќање. Овие вируси се доста чести и се многу инфективни.
Тие го добиле своето име по масовното труење кое се случило во 1972 година во местото Норволк, Охајо кога прв пат вирусот е идентификуван.
Причинители
Што ја предизвикува инфекцијата со норовирус? Како се шири?
Овие вируси најчесто се наоѓаат во изметот на инфицираните лица. Многу се инфективни и лесно се шират од едно лице на друго.Луѓето се инфицираат на неколку начини, со директен контакт со заболено лице, со допирање на загадени површини, внесување на загадена храна и вода.
Инфицираните луѓе ги развиваат првите симптоми за 24 до 48 часа, но може и порано. Луѓето инфициарни со овој вирус се заразни до три дена по опоравувањето.
Најчесто храната се контаминира од луѓе кои се инфицирани со вирусот и не внимаваат на својата лична хигиена (посебно на рацете).
Симптоми
Кои се симптомите на болеста?
Најчестите симптоми се:
Повраќање
Дијареја
Стомачни грчеви
Зголемена температура
Грозница
Главоболка
Мускулни болки
Истоштеност
Болеста започнува ненадејно во рок од 24 до 48 часа по инфекцијата. Заболеното лице често повраќа и има јака дијареја.
Колку долго траат симптомите?
Кај повеќето луѓе, повраќањето и дијарејата траат до 72 часа, и истите се опоравуваат за еден до два дена.
Колку долго се луѓето инфективни за околината?
Заболените лица се инфективни до три дена по оздравувањето. Некои лица може да бидат инфективни и до две недели. За време на овој период многу се важни добрите хигинески процедури.
Ризици
Дали постојат видови на храна кои носат зголемен ризик за појава на болеста?
Труењата со овој вирус се поврзани со школки кои потекнувале од загадени води.ИСто така можен е пренос на вирусот и преку контаминирана вода за пиење.
Дали кај некои луѓе постои зголемен ризик од оваа болест?
Поради симптомите на болеста (повраќање и дијареја) можна е појава на дехидрираност кај пациентите. Ова е поверојатно кај децата, постарите лица и оние со ослабен имунитет.
Ова заболување ги погодува сите старосни групи преку целата година, но почесто се јавува во зимскиот период.
Превенција
Како да се превенира оваа болест?
Добрата лична хигиена и безбедното ракување со храната се клучни фактори во намалувањето на ризикот за појава на оваа болест.
