• Home  
  • Зошто солта го спречува расипувањето на храната?
- Едукација и совети

Зошто солта го спречува расипувањето на храната?

За да се разбере начинот на кој солта го спречува расипувањето на храната мора најпрвин да се разбере како таа се употребува за конзервирање и чување на храната.Солта се користи на два начина, во гранули или во вид на солило (што е всушност раствор на сол и вода). Месните производи се солат со гранули сол […]

За да се разбере начинот на кој солта го спречува расипувањето на храната мора најпрвин да се разбере како таа се употребува за конзервирање и чување на храната.
Солта се користи на два начина, во гранули или во вид на солило (што е всушност раствор на сол и вода). Месните производи се солат со гранули сол додека краставичките (корнишоните) се конзервираат со солило. Солењето со сол во гранули се нарекува суво солење, што претставува нанесување на сол на надворешниот дел на месото и чување на овој производ на овој начин во текот на неколку недели. Ова е еден од најстарите начини на конзервирање на месото. Во денешно време во индустријата за храна се користи методот со вбризгување на солен раствор во месото.
Користењето на солта и на двата начина покрај конзервирањето на храната, придонесува и за намален раст и развој на бактериите, вклучувајќи ги тука и патогените бактерии (Salmonella, Listeria, Campylobacter).
Солта има ефект врз бактериите на повеќе начини. Солта предизвикува нарушен однос на ензимите во бактериската клетка, а со тоа и промени во нивната ДНК. Најчесто делува преку дехидрација, со отстранување на молекулите на вода кои и се неопходни на бактериската клетка. Молекулите на вода во храната се мерат преку „активноста на водата“ во даден производ што претставува број на слободни молекули на вода. Пред процесот на солење кај многу свежи производи оваа вредност изнесува 0,99. Активноста на водата (aw) со помош на солта се намалува преку процесот на осмоза. Накратко опишано ова значи дека солта од надворешноста ги извлекува молекулите на вода од храната и ги заменува со молекули на сол се додека концентрациите на сол во надворешниот и внатрешниот дел не се изедначат. Намалување на активноста на водата во храната до 0,91 е доволно за да се спречи растот на бактериите кај повеќето видови на храна. Најчесто за процесот на солење се користи кујнската сол, но може да се користат и хлориди, нитрати и фосфати.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.