• Home  
  • Контрола на патогените микроорганизми при производство на сирење
- Производство на храна

Контрола на патогените микроорганизми при производство на сирење

  1. Обучете ги и задржете ги добрите работници
  • Извршете обуки на вработените за личната хигиена и за важните постапки кои се случуваат во процесот на преработка и зреење на сирењето
  • Не дозволувајте пристап во погонот на вработени кои се заболени од одредени болести и инфекции
  • Целиот персонал треба да биде свесен дека постапките кои произлегуваат од HACCP системот важат за цело време на производството и истите треба доследно да се применуваат
  • Сведете го директниот конакт со млекото на минимум освен онаму каде е неопходно
  • Работната облека (униформата) е задолжителна во целиот процес на производство
  1. Користете квалитетно сирово млеко
  • Набавувајте млеко со низок број бактерии и соматски клетки (на пример. вкупниот број на бактерии да не преминува 100.000/ml, додека соматските клетки не треба да бидат повеќе од 250.000/ml)
  • Набавувајте млеко кое потекнува од здрави животни (слободни од туберкулоза, бруцелоза и маститис)
  • Во млекото не е дозволено присуство на остатоци од антибиотици и средства за чистење
  • Млекото треба да има вредност на pH од 6.6 и да има нормален мирис и вкус
  • Сировото млеко треба да биде изладено на температура под 6°C при откупот и да се превземе најдоцна 48 часа по молзењето
  • На оние места каде млекото нема можности да се излади треба да се превземе во рок од 4 часа
  1. Внимавајте на стартер културите, сирилото, солилото и на зреењето
  • Најдобро е да се користи смрзната стартер култура и точно да се дозира истата
  • Дезинфицирајте ги садовите, калапите и приборот пред секое користење
  • Додавањето на стартер културата се врши на оптималната температура
  • Дозирањето на сирилото мора да биде точно и да се користи на оптимална температура
  • Припремете и одржувајте го солилото на бараната pH и со бараната јачина (концентрација). Се врши филтрација на сирилото на одредено време. Времето на солење на сирењето и кашкавалот мора да биде константно
  • Користете 5% солен раствор за миење на сирењето
  • Четките за сирењето и кашкавалот се мијат по секое користење со врела вода
  • Кашкавалот за време на зреењето се врти на одредени интервали како би се постигнале униформни карактеристики (мирис, вкус, боја)
  1. Внимавајте на правилната термичка обработка на суровината и на температурните контроли
  • Пастеризацијата и термизацијата на млекото пред преработката во сирење и кашкавал го намалуваат бројот на микроорганизми, а со тоа и ризикот кој тие го носат
  • Препорачлива е термичка обработка на солилото во редовни временски периоди
  • Секогаш се проверува температурата на млекото пред додавањето на стартер културата или сирилото
  • Одржувајте ја бараната температура во коморите за зреење
  • Сите додатоци (зачини) треба пред додавањето да се термички обработени или деконтаминирани
  1. Редовно спроведување на програмата за санитација, чистење и дезинфекција
  • Изработете распоред за чистење на сите простории и опрема
  • Осигурете дека процедурите за чистење и дезинфекција во погонот се почитуваат и спроведуваат
  • Користете хемикалии и средства од познат производител кои се дозволени за користење во индустријата за храна
  • Секогаш имајте преглед на количините на хемикалии и средства за чистење кои ги имате во магацинот како и упатствата за нивно користење
  • По завршувањето на зреењето секогаш темелно исчистете и дезинфицирајте ги полиците во коморите за зреење
  • Редовно вршете визуелен преглед за чистота на сите површини кои доаѓаат во контакт со производот
  1. Вршете контрола и тестирања во сите фази на производство
  • Набавете pH метар и термометар и редовно калибрирајте ги истите
  • Проверувајте ја pH на сите сирења и кашкавали кои се произведуваат
  • Вршете контрола на сировото млеко на месечно ниво за вкупен број на бактерии и соматски клетки. Секојдневно проверувајте ја киселоста (pH), вкусот, мирисот и изгледот на млекото
  • Проверувајте ја јачината (концентрацијата) на солилото во редовни интервали
  • Вршете редовни контроли за патогени микроорганизми на готовите производи
  • Вршете тестирање за присуство на L. monocytogenes во погонот со помош на брисеви за таа намена
  • Секогаш евидентирајте ги сите податоци од извршените проверки и тестирања
  • Контролирајте ја температурата и влажноста во коморите за зреење

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.