• Home  
  • Правилна употреба на микробрановата печка
- Едукација и совети

Правилна употреба на микробрановата печка

Користењето на микробранова печка за одмрзнување, готвење или загревање на храната е доста погодно за денешниот стил на живот. Сепак, важно е да се зане дека неправилната и небезбедна употреба на истите може да доведе до појава на труење со храна.Следните совети за користење на микробрановата печка ќе ви помогнат во спречувањето на оваа несакана […]

Користењето на микробранова печка за одмрзнување, готвење или загревање на храната е доста погодно за денешниот стил на живот. Сепак, важно е да се зане дека неправилната и небезбедна употреба на истите може да доведе до појава на труење со храна.Следните совети за користење на микробрановата печка ќе ви помогнат во спречувањето на оваа несакана појава.
Одмрзнување на храна во микробрановата печка
Користете садови, капаци за садови и матријали кои се предвидени за користење во микробранова печка. Храната која е спакувана во пакување кое не е предвидено за оваа намена (стиропор, пластика) мора претходно да ја извадите од истото.Овие материјали може да се стопат или деформираат.
Целосно одмрзнете ја храната која планирате подоцна да ја зготвите во микробрановата печка.Готвењето на мешавина од одмрзната и смрзната храна може да доведе до нецелосно зготвена храна.
Згответе ја храната веднаш по одмрзнувањето
Добрата термичка обработка е најдобар начин за уништување на бактериите во храната. Секогаш користете дигитален термометар за храна за да ја проверите внатрешната температура на храната.
Покријте ја храната за време на готвењето со капак или со фолија предвидена за оваа намена. Внимавајте истите да не ја допираат храната. На овој начин храната ќе се зготви целосно и безбедно.Исечете ја храната на помали парчиња. Малите парчиња полесно ќе се зготват. Доколку е возможно наредете ја храната во садот во еден слој као би се зготвила изедначено.
Следете ги упатствата дадени во рецептот или на пакувањето на храната.Вртете го садот и измешајте ја храната неколку пати во текот на готвењето.
Совети за готвење на месо и риба во микробрановата печка
отстранете ги големите коски од месото. Со ова ќе добиете изедначено готвење на истото. Поставете ги поголемите и подебели парчиња на месо на страните од садот за готвење. Во текот на готвењето еднаш или два пат завртете ги парчињата месо во садот.Големи парчиња на месо се готват на почетокот на пониска температура, но подолго време.
Не гответе цели полнети пилиња во микробрановата печка. Големината и густината на ова јадење не дозволува рамномерна распределба на температурата и нецелосно готвење.
Ако загревате остатоци од храна бидете сигурни дека е постигната температура од 74ºC. Користете термометар да бидете сигурни.за време на загревањето неколку пати измешајте ја храната.Избегнувајте неколкукратно загревање на остатоците од храна.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.