• Home  
  • Одржување на безбедноста на храната во вашата кујна
- Едукација и совети

Одржување на безбедноста на храната во вашата кујна

Дали овошјето и зеленчукот би требало да ги купуваме само кога е нивната сезона или можеме да ги купуваме и надвор од нивната сезона? Дали да ги купуваме во супремаркет или на пазар? Ова се само некои од прашњата кои потрошувачите си ги поставуваат секојдневно кога купуваат свежо овошје и зеленчук.КупувањеАко купувате од пазар, одете […]

Дали овошјето и зеленчукот би требало да ги купуваме само кога е нивната сезона или можеме да ги купуваме и надвор од нивната сезона? Дали да ги купуваме во супремаркет или на пазар? Ова се само некои од прашњата кои потрошувачите си ги поставуваат секојдневно кога купуваат свежо овошје и зеленчук.
Купување
Ако купувате од пазар, одете порано како би избегнале купување на производи кои стоеле на сонце цел ден.
Ако не сте задоволни со понудениот избро секогаш прашајте го продавачот дали постои залиха од производите во магацинот.
Купувајте непакувани производи, на овој начин ќе имате преглед што купувате.
Не купувајте производи со знаци на мувла, оштетување или сечење.
Купувајте количини кои ќе ви бидат доволни за еден краток период.
Купувајте сезонско овошје и зеленчук.

Чување
Ако некои од намириницте треба да се чуваат во фрижидер направете така.
Некои производи како банани и компири не се чуваат во фрижидер.
Ставете го во фрижидер свежите производи по сечењето и лупењето.
Ако овие производи по сечењето останат повеќе од два часа на собна температура, фрлете ги.
Доколку не се изеде за 3-4 дена сварениот зеленчук треба да се фрли.

Подготовка

Измијте го свежото овшје и зеленчук со ладна вода пред јадењето.
Мијте го овошјето и зеленчукот пред лупењето како би ја отстраниле сета нечистотија и бактерии кои понатака би можеле да ги пренесете со ножот. Нежно истријте ги намирниците под млаз вода. Не треба да се користи сапун или средство за чистење. За потврди намирници (лубеница, краставица) може дасе користи четка за оваа намена.
Пред подготовката или јадењето на овошјето или зеленчукот отстранете ги сите оштетени места.
Исушете ги намирниците со чиста крпа или со хартиена марамица.
Користете различни даски за сечење како би ја избегнале вкрстената контаминација (посебна даска за припремаи сечење на месо и посебна за овошје и зеленчук).

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.