• Home  
  • Организација на безбедна и ефикасна кујна за припрема на јадења без глутен
- Состав и нутриенти

Организација на безбедна и ефикасна кујна за припрема на јадења без глутен

Се повеќе ресторани добиваат барања од своите гости за проширување на менијата со јадења без глутен. Проширувањето на менито со овој тип на јадења не е нималку лесен процес бидејќи на тоа му претходи долг процес во кој мора да се преминат неколку препреки.Во текот на оваа процедура следните совети сигурно ќе помогнат

Се повеќе ресторани добиваат барања од своите гости за проширување на менијата со јадења без глутен. Проширувањето на менито со овој тип на јадења не е нималку лесен процес бидејќи на тоа му претходи долг процес во кој мора да се преминат неколку препреки.
Во текот на оваа процедура следните совети сигурно ќе помогнат

  1. Соработка со организација која е вклучена во работата со лица со интолеранција на глутен и има познавање од составот на прехранбените состојки. Оваа соработка сигурно ќе вроди со изработка на рецепти за оброци кои сигурно ќе бидат слободни од глутен, но и доволно примамливи и вкусни за гостите.
  2. Развој на без-глутенска веризија на менито. Отсуството на глутен од менито т.е. од оброците не би требало да биде единствената точка која ќе ги привлече гостите. Исто така квалитетот на изработката, вкусот и аромата на јадењата треба да биде на највисоко ниво. Треба да се одреди кои од јадењата кои се во менито може да бидат „ослободени од глутен, но притоа да не се менува во голема мера оригиналниот рецепт бидејќи постои опасност од зголемување на трошоците, а со тоа и на цената на оброкот, но и на квалитетот на оброкот.
  3. Детектирајте ги намирниците кои содржат глутен и изолирајте ги. Најдобро е да се посвети дел во кујната каде ќе се чуваат намирници без глутен. Во овој случај готвачите ќе работат без опасност од контаминација на безглутенските јадењата со нормалните состојки со глутен.
  4. Определете која опрема ќе се користи само за оброците „без-глутен“ и одржувајте ја кујната чиста. За време на припремата на јадењата поделбата на намирниците и чистотата на кујната се клучни. Користењето на нови, чисти ракавици при работата со без-глутенските намирници е многу важен чекор. Понатака, користењето на посебна опрема (четки, садови, фаќалки, лопатки, даски за сечење, печки и рерни за припрема) на овие јадења е исто така важно. Внимание треба да се посвети и на санитацијата и одржувањето на оваа опрема.
  5. Едуцирајте и обучете го персоналот
    Тренингот и едукацијата на персоналот за опасноста од глутенот и неговото присутво во оброкот за луѓето кои имаат интолеранција кон него е клучна во целиот процес. Поседувањето на едукативен материјал може само да помогне при ова. Исто така познавањето на намирниците и нивното потекло е клучно за стекнување на довербата кај потрошувачите.
  6. Следете го одговорот од потрошувачите
    Секогаш е полезно по започнувањето со припрема на без-глутенски јадења и нивното сервирање да се процени задоволството на потрошувачите. Корисно е да се забележат нивните пофалби, но и забелешки на новитетите во менито.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

About Us

Lorem ipsum dol consectetur adipiscing neque any adipiscing the ni consectetur the a any adipiscing.

Email Us: infouemail@gmail.com

Contact: +5-784-8894-678

Empath  @2024. All Rights Reserved.