Сите вклучени субјекти во бизнисот со храна имаат една иста законска обврска – да произведуваат, продаваат или послужуваат безбедна храна.
При припремата и подготовката на плеаскавици и други производи од мелено месо важно е истите добро термички да се обработат како би се уништиле сите потенцијално присутни штетни микроорганизми.
Елиминирање или намалување на ризикот на прифатливо ниво
Како би ја осигурале безбедноста на храната сите оператори со храна мора да воспостават процедури како би ги иидентификувале ризиците во храната и да ги елиминираат тие ризици (опасности) или да ги намалат до прифатливо ниво.
Идентификацијата на ризиците (опасностите) кај производи од мелено месо е доста лесна. Месото може да биде контаминирано со бактерии кои се штетни по здравјето на човекот. Повеќе студии направени на оваа тема утврдиле дека овој вид на производи може да бидат носители на бактерии како вероцитотоксичната E. coli и Salmonella.
Овие две бактерии може да предизвикаат сериозни заболувања, посебно кај деца, бремени жени, постари лица и кај луѓе со намален имунитет. Микробиолошката контаминација најчесто се одвива на површинскиот дел од месото додека внатрешниот дел од месеото е стерилен. При мелењето на месото микроорганизмите од површината навлегуваат во стерилниот дел на месото. Затоа кај овие производи е потребна добра термичка обработка. За да бидеме сигурни во безбедноста температурата во внатрешноста на месото треба да достигне 75°C. Преведено во технички поим, ова е критичната контролна точка. Контролата на температурата се врши со термометар за оваа намена.
